3аедно со екипите на терен се реализира значаен проект за граѓаните на оваа улица.
Станува збор за изградба на атмосферска канализација на улицата Никола Киров Мајски.
Оваа улица со години беше изложена на поплави при секој посилен дожд.
Граѓаните редовно се соочуваа со непријатности – поплавени домови, непроодни улици и уништена инфраструктура.
Овој проблем траеше со децении – и конечно дојде неговото решавање!
Со изградбата на новата атмосферска канализација, конечно ќе се спречат поплавите, ќе се подобри квалитетот на живот на жителите, и ќе се овозможи безбедно и нормално функционирање на сообраќајот.
Наша работа е да ги слушаме граѓаните и да дејствуваме.
Не ветуваме невозможни работи – туку работиме чекор по чекор, посветено и искрено, за да најдеме решение за секој проблем.
Ќе продолжиме со работа и на останатите критични точки во Хиподром и другите населби.