Градоначалникот
Бобан Стефковски беше домаќин на учениците од општинското основно училиште Григор Прличев кои беа во посета на
Општина Гази Баба, кој со задоволство им даде одговор на прашањата кои му ги поставија за симболите на општината, изградбата на нови детски забавни катчиња и слично.
Учениците се запознаа и со функционирањето на општината, работата на градоначалникот и советот, како и секторите кои се дел од општинската администрација.
Ваквите едукативни посети им овозможуваат на учениците покрај теоретскиот дел од наставата да имаат можност и практично да видат како функционира локалната самоуправа.