Денес 100 дечиња кои се хоспитализирани на лекување во Клиниката за детски болести во Скопје ги посети градоначалникот Бобан Стефковски и им додели новогодишни пакетчиња заедно со Дедо Мраз и маскотите од омилените цртани филмови.
Новогодишните празници носат посебна магија која на сите нас ни дава посебна среќа, радост и задоволство. Но таа радост е уште поголема кога ќе видите насмеани лица на дечињата кои се наоѓаат на лекување.
Празниците се одлична можност уште еднаш да ја покажеме нашата општествена одговорност и хуманост кон сите оние на кои им е потребна помош, поддршка и внимание.