Попладнево градоначалникот Бобан Стефковски заедно со тим од општина Гази Баба одржаа средби со граѓани во Месните заедници Јурумлери, Гоце Делчев, Крсте Мисирков, Маџари 2 и Јане Сандански.
На овие средби се отпочна дијалог со граѓаните од општина Гази Баба за изнаоѓање на извори за финансирање на капитални проекти.
Со жителите од Јурумлери и Гоце Делчев разговараа за изнаоѓање на извори на финансирање за целосна изградба на фекалната канализација во Јурумлери и Гоце Делчев, а додека со жителите од Крсте Мисирков, Маџари 2 и Јане Сандански за изнаоѓање на извори за финансирање за изградба на нова училишна зграда на ООУ “Крсте Мисирков” во Ченто.
Обврска е пред граѓаните да се решат децениските проблеми и затоа е потребна нивната поддршка со цел да се искористат сите можности за реализација на капитални проекти кои ќе ја направат општина Гази Баба поубаво место за живеење.
22.09.2022