19 годишниот Никола Ѓорѓиев од Црешево за кого во хуманоста се обедини цела Македонија од денес ќе биде соработник во општинската администрација на општина Гази Баба.
Никола ќе има можност да даде свој придонес во напредокот на општина Гази Баба.
Што се однесува до лекувањето на Никола, тоа се одвива согласно утврдениот протокол и тој на 17ти Јули, треба да замине за Турција со цел примање на четвртиот дел од терапијата.