Со огромна чест и искрена радост присуствуваше градоначалникот Бобан Стефковски на новогодишната прослава на Здружението на пензионери Гази Баба.
Нашите пензионери се темелот на оваа општина – луѓе кои со децении ја граделе Гази Баба и ни оставиле вредности што денес ги негуваме.
Насмевките, топлината и позитивната енергија што ја споделивме се најубавиот доказ дека заедништвото нема години.
Општина Гази Баба ќе продолжи да биде ваш сигурен партнер, со почит, грижа и поддршка во секој ден од годината.