Градоначалникот Бобан Стефковски присуствуваше на хуманитарниот базар “Мали раце – Големи дела” кој го организираше Општинското основно училиште Крсте Мисирков од Ченто со цел собирање на средства за помош на настраданите во несреќата во Кочани.
Гази Баба уште еднаш на дело ја докажа својата хуманост и солидарност.
Секогаш кога и да било потребно, ние ја подаваме нашата рака и помагаме!
Благодарност до директорката на Општинското основно училиште Крсте Мисирков Билјана Трајановска, како и до сите вработени кои земаа учество во реализацијата на овој настан. Посебна благодарност до учениците и родителите без кои немаше да успее денешната организација.
Почит и признание кон сите!