Градоначалникот Бобан Стефковски заедно со министерката за образование и наука Весна Јаневска, извршија увид во градежните работи за изградба на новата училишна спортска сала во Црешево.
Станува збор за инвестиција вредна 34.099.421 денар, средства обезбедени преку првиот јавен повик за финансирање инфраструктурни проекти од Владата на Република Македонија.
Салата се гради на површина од 646 м² и ќе биде целосно прилагодена за спортски активности:
– кошарка
– ракомет
– мал фудбал
Покрај главниот терен, ќе има:
– гардероби
– остави за спортски реквизити
– санитарии со тушеви
– кабинет за наставници
Ова училиште цели 62 години функционираше без сопствена спортска сала. Денес тоа се менува –

конкретен резултат на нашата заложба за инвестиции во образованието!
Во изминатите 4 години:
– Изградивме сали во ООУ „Наум Охридски“ – Булачани и ООУ „Кирил и Методиј“ – Стајковци
– Градиме ново училиште во Ченто
– Обезбедивме бесплатни училишни униформи
Наскоро започнуваме со:
– изградба на сала во ООУ „Григор Прличев“ – Железара
– проширување на ООУ „Крум Тошев“ – Трубарево
Она што го порача денес градоначалникот Стефковски е:
Инвестициите во образованието ќе продолжат и во вториот мандат.
Наш фокус: учениците, наставниците и еден достапен, квалитетен и модерен образовен систем.