Заедно со Министерката за образование и наука Весна Јаневска и пратеничката Дијана Илиевска градоначачникот
Бобан Стефковски направи увид на градежните активности за изградба на новата училишна сала во ООУ Наум Охридски во Булачани.
Градиме нова училишна сала на површина од 470 метри квадратни, а вкупната инвестиција изнесува 26 милиони денари, средства обезбедени од буџетот на Општина Гази Баба.
По цели 60 години, учениците од ова општинско основно училиште конечно ќе добијат училишна сала во која ќе имаат подобри и поквалитетни услови за реализација на часовите по физичко и здравствено образование.
Градоначалникот Стефковски најави дека наскоро започнуваме со реализација на два нови капитални проекти во областа на образованието, а тоа е изградбата на нова зграда на општинското основно училиште Крсте Мисирков во Ченто и нова училишна сала во подрачното училиште во Црешево.
Дополнително оваа година ќе продолжи реализацијата на проектот кој го воведовме минатата година и 6800 ученици од сите општински основни училишта ќе добијат бесплатна училишна униформа со што ќе се надминат социјално – економските разлики помеѓу учениците за време на престојот во училиштата.