Денес градоначалникот Бобан Стефковски заедно со министерката за образование и наука Весна Јаневска, направија увид во градежните активности на локацијата каде што конечно се гради новото основно училиште во населбата Ченто – проект што се чекаше повеќе од шест децении!
По 62 години, конечно се реализира проект од огромно значење за целото население, за сегашните и идните генерации ученици, наставници и родители. Старите училишни бараки одамна не ги задоволуваа ниту стандардите, ниту потребите на современото образование. Со овој нов објект, правиме крупен чекор кон обезбедување достоинствени услови за учење, воспитување и растење на децата од Ченто.
Што се гради?
–Современа училишна зграда на приземје и еден кат
–Вкупна површина од 3128 метри квадратни
–30 специјализирани и опремени кабинети
–Капацитет за 713 ученици
Зошто овој проект е важен?
–Затоа што вложуваме во образованието – темелот на секое развиено општество.
–Затоа што по 62 години конечно ги поставуваме темелите на новиот дом за знаење на учениците од ООУ „Крсте Мисирков“.
–Затоа што секое дете заслужува да учи во безбедни, чисти, функционални и инспиративни простории.
–Затоа што инвестициите во училиштата се инвестиции во иднината на општеството.
Ова е повеќе од градежен проект – ова е исполнување на долгогодишна потреба и очекување на граѓаните на Ченто. Ова е доказ дека кога постои политичка волја, визија и одговорност – децениски проблеми можат да се решат.
Новото училиште ќе биде простор каде децата ќе се едуцираат, развиваат и ќе создаваат спомени што ќе ги носат цел живот. Продолжуваме заедно, со конкретни чекори и силна посветеност, да градиме подобро образование и подобра иднина за сите!
-
-
default