Денес општина Гази Баба во соработка со Црвениот крст на Градот Скопје отпочнува со реализација на заедничкиот проект Итно копче.
Со овој проект овозможуваме 24 часовна помош за лица над 65 годишна возраст кои живеат сами и се болни и изнемоштени.
Заедно со тим од Црвениот крст градоначалникот Бобан Стефковски ја посети тетка Ленче од Ченто која ја користи услугата Итно копче. Таа ја искажа својата благодарност за професионалноста на екипите од Црвениот крст, како и за општината која овозможува оние на кои им е најпотребна помош бесплатно да ја користат оваа услуга.
Корисникот на оваа услуга ќе го поседува уредот Итно копче и со неговото притискање веднаш ќе биде контактиран од контакт центарот на Црвениот крст и по утврдена потреба се испраќа тим за прва помош во домот на корисникот.
Оваа услуга од Црвениот крст за корисниците од Општина Гази Баба ќе биде бесплатна. Финансиските средства за нејзината реализација целосно ги обезбедува општината.
Договорот за реализација на овој проект со Црвениот крст го склучивме во јули и веќе 8 граѓани ја користат оваа услуга.
Со реализација на овој проект, како одговорна локална самоуправа уште еднаш на дело ја покажуваме својата грижа кон ранливите категории на граѓани.