Ане Шојлев избран за најдобар полицаец за 2023 година!
Традиционално на крајот на календарската година, општина Гази Баба во соработка со Полициската станица од општа надлежност Гази Баба врши избор на најдобар полициски службеник за тековната година.
За 2023 година за најдобар полициски службеник е избран Ане Шојлев кој во текот на годината се истакнал во својата работа.
Општина Гази Баба ќе додели еднократна парична награда за полицискиот службеник во висина од 20.000 денари, а истата ќе биде донирана во добротворни цели, како што ни нагласи полицискиот службеник Шојлев.