Александар Колевски од полициската станица од општа надлежност Гази Баба е избран за најдобар полицаец за 2022 година.
Градоначалникот Бобан Стефковски како благодарност за посветеноста при извршување на полициската должност му додели еднократна парична помош од општина Гази Баба. Колевски во текот на цела година 2022 година се истакна во својата работа и истиот е избран по спроведена постапка во рамки на полициската станица.
29.12.2022