Цел на Проектот:
Заштита на животната средина, промовирање на прилагодување и ублажување на климатските промени, превенција и управување со ризик. Станува збор за заштита на животната средина и другите ресурси (економско, земјоделско земјиште) на пограничната област кои придонесуваат за постигнување на конкретната цел на повикот – Засилени заедничките напори за решавање на прашањата за загадување на животната средина во областа.
Период на имплементација:
2020 - 2021 година
Надлежно тело:
• Сектор за локален економски развој
• Сектор за финансиски прашања
• Сектор за урбанизам и градежно земјиште
• Сектор за градежништво и комунални работи
• Сектор за животна средина
Опис на проектот:
Добиен грант од ЕУ ИПА фондот за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Косово, во партнерство со општината Елези Хан. Согласно проектот во општина Гази Баба се предвиде изградба на фекален колектор во населено место Смилковци, изработка на ЛЕАП 2020 – 2026 година (локален еколошки акционен план), две работилници за градење капацитети за развој на лични и вештини на заедницата за справување со ефектите од загадувањето на животната средина. Проектот е реализиран согласно принципте на ЕУ ПРАГ процедурите на тендерирање и имплементација на проектните активности. Согласно дефинираните процедури, Општина Гази Баба се стекна со грант од ЕУ ИПА во износ од 143,086.00 ЕУР, кофинансирање на Република Македонија во износ од 26,936.00 ЕУР, и сопствено кофиннсирање на општина Гази Баба во износ од 8,978.00 ЕУР, за имплементација на предвидените активности.
Фотографија од локацијата на проектот:
Главни активности:
Буџет:
Контакт за повеќе информации:
Е-пошта: opstina@gazibaba.gov.mk