Цел на Проектот:
Заштита на животната средина, промовирање на прилагодување и ублажување на климатските промени, превенција и управување со ризик преку заштита на животната средина и другите ресурси (економско, земјоделско земјиште) во населено место Црешево, кои придонесуваат за решавање на прашањата со загадување на животната средина во областа.
Период на имплементација:
2022 - 2023 година
Надлежно тело:
Опис на проектот:
Во населеното место Црешево живеат околу 1500 жители. Досега во две фази е изградена дел од фекалната канализација и тоа во првата фаза во вкупна должина од 880м¹, инвестиција вредна 198,000.00 ЕУР обезбедени од буџетот на општина Гази Баба. Втората фаза која е во тек и е со должина од 1850м¹ е со вредност од 324,000.00 ЕУР, исто така обезбедени од буџетот на општина Гази Баба. Во наредниот период се прават подготовки за изгрдадба и на пречистителна станица за отпадни води, на која покрај жителите на населено место Црешево ќе се поврзат и жителите на населеното место Виниче и населено место Страчинци. ПСОВ во Црешево ќе биде со капацитет за 4000 еквивалент жители.
Фотографија од локацијата на проектот:
Главни активности:
Буџет:
Контакт за повеќе информации:
Е-пошта: opstina@gazibaba.gov.mk