Општина Гази Баба продолжува со активната реализација на инфраструктурни проекти во урбаните и руралните делови на општината, насочени кон подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Во таа насока, во изминатиот период беа изведени две активности:
Изградба на пристапни патеки во населба Железара
Во насока на подобрување на пристапноста и безбедноста на движење за пешаците, особено за постарите лица и лицата со попреченост, Општина Гази Баба изгради нови пристапни патеки во населбата Железара. Патеките се изведени со висококвалитетни павер елементи, што обезбедуваат трајност, стабилност и модерен изглед.
Асфалтирање и уредување на улица со павер елементи во населба Ченто
Во населба Ченто беше целосно уредена и поплочена една од локалните улици со павер елементи. Со овој зафат се овозможува побезбедно движење, како и подобра инфраструктурна поврзаност за жителите од овој дел на општината.
Овие проекти се дел од континуираните напори на локалната самоуправа за подобрување на урбаната средина, како и за подигнување на стандардот на живеење преку уредени и функционални јавни простори.
Општина Гази Баба ќе продолжи со реализација на нови проекти во сите населени места, во соработка со жителите и во согласност со нивните потреби.