Граѓаните од улица 1 во населеното место Стајковци повеќе нема да газат во кал.
Не веруваа дека ќе го исполниме ветувањето за изградба на улицата, бидејќи се лажени со години. Но Бобан Стефковски е доказ дека не се сите исти” ни рече 73 годишниот чичко Стојан при посетата на Стајковци.
Нема лажни ветувања, бидејќи граѓаните заслужуваат дела. Ние докажавме дека тоа е возможно и така ќе продолжиме.
Во завршна фаза се градежните активности за изградба на улицата со павер елементи во Стајковци. Досега градежни активности со павер елементи се реализирани во Инџиково, Идризово, Ченто, Стајковци, а во следниот период ќе започнеме во населените места Автокоманда, Железара, Маџари, Ченто и други населени места.