Во населбата Железара заврши изградбата на новото, современо детско катче – првото од вкупно пет кои се планирани за изградба во различни делови на Општина Гази Баба.
Со ова продолжуваме со заложбата да обезбедиме безбедни, функционални и забавни простори за децата, таму каде што најмногу се потребни.
-Современи реквизити за најмладите
Ова детско катче е опремено со најсовремени реквизити за детска забава, со што ги следиме најновите стандарди за квалитет и безбедност. Веруваме дека секое дете заслужува место за игра, дружење и развој, а токму ваквите проекти се директна инвестиција во нивната иднина.
-Резултати од изминатите 4 години
Во изминатите четири години од мандатот на градоначалникот Бобан Стефковски , изградивме и реконструиравме вкупно 60 детски забавни катчиња низ целата општина. Тоа е доказ за нашата посветеност да не ги заборавиме најмладите жители на Гази Баба.
Гази Баба со нов лик – за сите генерации
Со секој нов проект, општина Гази Баба добива нов, модерен лик – создаден со внимание кон сите генерации.
Продолжуваме понатаму!
Нови четири детски катчиња во други населени места низ Општина Гази Баба се веќе во подготовка!