Комисијата за спроведување на Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на општина Гази Баба за купување на велосипеди во 2022 година, по разгледување на пристиганите барања заклучно со 20.04.2022 година, констатираше дека досега 70 баратели ги исполнуваат условите пропишани во Јавниот повик кој беше објавен на ден 11.04.2022 год. Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на општина Гази Баба за купување на велосипеди во 2022 година ПРОДОЛЖУВА да трае, се до целосно искористување на преостанатите средства предвидени за оваа намена.
21.04.2022