ИЗВЕСТУВАЊЕ
за достапност на документ
План за управување со животна средина и
социјални аспекти (ПУЖССА) за
“Надградба на улици во Хиподром 2”, Општина Гази Баба
во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ
Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проект при Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Гази Бабааплицираше со проект за “Надградба на улици во Хиподром 2”, Општина Гази Баба.
Согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти изготвена врз основа на барањата на Светска Банка беше подготвен документ “ План за управување со животна средина и социјални аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат одпланираните активностина Проектот.
Документот “План за управување со животна средина и социјални аспекти” ќе биде ставен на јавен увид на официјалните веб страници на:
Министерството за транспорт и врски (http://www.mtc.gov.mk)
Единица за имплементација на проект www.wbprojects-mtc.mkи на
Општина Гази Баба(Почетна – ОпштинаГазиБаба (gazibaba.gov.mk)) на 07.09.2022
Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.
Општина Гази Баба во соработка
со Министерство за транспорт и врски –
Единица за имплементација на проект
Известување за јавен увид на ЕСМП
Формулар за поднесување коментари
Дневен ред за јавна расправа за ЕСМП
07.09.2022