ИЗВЕСТУВАЊЕ за одржување на јавна презентација и консултација за кредитно задолжување преку емисија на обврзници во финансиска институција за реализација на проектот “Изградба на нова детска градинка во населба Маџари”, Општина Гази Баба На основа на законот за финансирање на единиците на локална самоуправа на РС Македонија (“Службен весник на РМ“ бр.61//04, бр. 96/04, бр. 67/07, бр.156/09, бр. 47/11, бр. 192/15, бр. бр.209/18, бр. 244/19, бр. 53/2, бр. 77/21, бр. 150/21,173/22), Општина Гази Баба ја започнува постапката за кредитно задолжување преку емисија на обврзници за реализација на проектот „Изградба на нова детска градинка во населба Маџари “, општина Гази Баба. Ве покануваме на јавна презентација и консултацијаза кредитно задолжување преку емисија на обврзници во финансиска институција за реализација на проектот„Изградба на нова детска градинка во населба Маџари“, која ќе се одржи на 25.01.2023 (среда) со почеток во 13.00 часот во салата за седници на Општина Гази Баба, со следниот дневен ред: 1. Вовед во настанот – Претставник на општина Гази Баба;- 5 минути 2. Презентација на проектот и условите за финансирање на проектот, Претставник на општина Гази Баба – 20 минути 3. Дискусија.
Скопје, 20.01.2023 година
20.01.2023 |