ИЗВЕСТУВАЊЕ за одржување на јавна презентација и консултација за кредитно задолжување преку емисија на обврзници во финансиска институција за реализација на проектот “Реконструкција на културен дом 11 Октомври во населба Ченто”, Општина Гази Баба На основа на законот за финансирање на единиците на локална самоуправа на РС Македонија (“Службен весник на РМ“ бр.61//04, бр. 96/04, бр. 67/07, бр.156/09, бр. 47/11, бр. 192/15, бр. бр.209/18, бр. 244/19, бр. 53/2, бр. 77/21, бр. 150/21,173/22), Општина Гази Баба ја започнува постапката за кредитно задолжување преку емисија на обврзници за реализација на проектот „Реконструкција на културен дом 11 Октомври во населба Ченто “, општина Гази Баба. За таа цел, Ве покануваме на јавна презентација и консултација за кредитно задолжување преку емисија на обврзници во финансиска институција за реализација на проектот „Реконструкција на културен дом 11 Октомври во населба Ченто “, која ќе се одржи на 25.01.2023 (среда) со почеток во 12.00часот во салата за седници на Општина Гази Баба, со следниот дневен ред: 1. Вовед во настанот – Претставник на општина Гази Баба;- 5 минути 2. Презентација на проектот и условите за финансирање на проектот, Претставник на општина Гази Баба – 20 минути 3. Дискусија.
Скопје, 20.01.2023 година
20.01.2023 |