Во завршна фаза се градежните работи за изградба на оперативниот центар на Јавно Комунално Претпријатие ,,Гази Баба 2007“. Оперативен центар од ваков тип каков што ќе го има нашето комунално претпријатие ќе биде прв во Република Македонија.
Со изградбата на центарот ЈКП Гази Баба ќе добие:
Најсовремена работилница за урбана опрема;
Сервис и паркинг за возниот парк (багери, камиони и сл);
Пункт за наплата на сметки за вода;
Простор за администрацијата;
Пункт за службата за зимско оддржување;
Пункт за улично осветлување;
Магацински простор;
Заеднички пункт со ЈП Паркови и зеленило.
ЈКП Гази Баба прераснува во респектабилно комунално претпријатие кое ќе претставува сервис на граѓаните во вистинска смисла на зборот.
{gallery}foto/2023/april/jkp_objekt/gallery{/gallery}
26.04.2023