Јавно Комунално Претпријатие ,,Гази Баба 2007“ продолжува со бројни активности за подобрување на животната средина.
Редовните активности на екипите на Јавното комунално претпријатие “Гази Баба 2007” од минатата недела се одвиваа непречено со сите капацитети ставени на располагање во повеќе населени места на општина Гази Баба и од различни карактери, како:
Уредување и потскратување на широките крошни на дрвјата кои пречат на објекти во н. Триангла, уредување на улица бр 9 во н.м Јурумлери, одржување и уредување на зеленилото во н.Железара, одржување и уредување на зеленилото во н.м Ергеле и н.м Скопско Поле, одржување и уредување на зеленилото Основното Општинско Училиште „Његош“, одржување и уредување на зеленилото во игралиштето во н.м Колонија, одржување и уредување на зеленилото во Основното Општинско Училиште Вера Јоциќ во н.Хиподром, одржување и уредување на зеленилото во н.м Трубарево, чистење на шахти во повеќе населени места, чистење на смет од улици и тортоари на повеќе локации во сите населени места.
Поставени се клупи во паркот во рамките на поранешно кино Маџари, а тековно се работи на обновување и поставување на урбани реквизити низ сите населени места во општината.
Екипите на ЈКП „Гази Баба 2007“ постојано имаат теренски активности за подобрување на состојбата од непрописното одложување на отпадот, со цел да се намали штетното влијание кое го има и по животната средина.