Јавно Комунално Претпријатие ,,Гази Баба 2007“ во континуитет и редоследно работи на уредување и одржување на јавните површини на целата наша територија.
Спроведени акции изминатава недела екипите на ЈКП Гази Баба имаа како:
-Косење на зелени површини во Трубарево, Колонија, Идризово, Железара, Автокоманда, покрај улиците ул. Карл Либкнехт и ул. -Благоја Стефковски во Триангла и Инџиково.
-Кастрење на ниска и висока вегетација екипите на ЈКП Гази Баба вршеа во Колонија, Железара, Автокоманда, Хиподром, Маџари и -Триангла на ул. Карл Либкнехт.
-Депонии од јавни површини беа чистени и отстранети по населби и локации како во: Автокоманда, ул. Гемиџиска во Железара, покрај ул. Благоја Стефковски во Триангла, Детско Село, Авто Миро, Црква Св. Лидија, Дим маркет и Ханибал во Ченто како и на последна 50 во Хиподром, Колонија и Булачани.
-Нови модерни урбани реквизити минатава недела беа поставени во н. Автокоманда.
Постојано даваме апел до граѓаните, и ќе продолжиме да апелирамe особено за постојаните локации каде се обновуваат депониите, дека граѓаните немаат потреба од создавање на диви депонии, особено во топлиот период кој следува бидејќи веб страната и телефонскиот број на „ЈКП Гази Баба 2007″ 023/224-801 и мобилниот телефонски број 075/239-918 се нон стоп во функција каде граѓаните можат да се информираат и да пријават отпад во „ЈКП Гази Баба 2007“.
Секој од нас има право да живее во здрава и чиста животна средина. Но само со заеднички чекори можеме да се грижиме за природата. Затоа, разбудете ја еколошката свест, мал чекор од секој од нас, а еден голем чекор за природата!