Градоначалникот Бобан Стефковски денес го посети оперативниот центар на ЈКП во чии рамки се наоѓа работилницата која е опремена со најсовремен алат за изработка на нова урбана опрема, каде интензивно се работи на изработка на нова урбана опрема.
Нови форми на клупи и модерни цветни фигури наскоро ќе ја красат нашата Гази Баба.
Во периодот пред нас ќе се започне со акција за поставување на нова и реконструкција на веќе поставената урбана опрема во сите населени места низ општина Гази Баба.
ЈКП Гази Баба преставува вистински сервис на граѓаните. Покрај грижата за водоснабдувањето на жителите во руралниот дел на општината, комуналната хигиена на целата територија, тие посветено работат на изработката на нова урбана опрема со која нашите граѓани добиваат модерни катчиња за одмор и рекреација.