Изминатиот период екипите на Јавното комунално претпријатие “Гази Баба 2007” реализираа повеќе теренски активности низ населените места низ општина Гази Баба.
– Во урбаниот дел на општината започна акцијата за обележување на пешачките премини на локалните улици кои се под надлежност на општина Гази Баба. Преку оваа активност обезбедуваме поголема безбедност за пешаците.
– Се изврши чистење на диви депонии на јавните површини на неколку локации низ општината каде што во минатото несовесни граѓани извршиле диво депонирање на отпад. Апелирам до граѓаните да не се врши одлагање на отпад на јавните површини туку да ја користат можноста која ја нуди ЈКП Гази Баба за бесплатно одлагање во контејнерите за кабаст отпад.
– На повеќе локации се изврши поставување на нова урбана опрема, како и унифицирани корпи за отпадоци и отпадоци од миленици.
ЈКП Гази Баба од ден за ден прераснува во вистински сервис на граѓаните.