Јавното комунално претпријатие „Гази Баба 2007“ изминатиот период работеше интензивно на оддржување и кастрење на дрвја и гранки, расчистување и метење на зелените јавни површини во населбата Хиподром.
На овој реон беа исчистени и санирани диви депонии согласно стандрадите за зачувување на животната средина кое претпријатието ги претпочита и спроведува.
Вработените во ЈКП Гази Баба 2007 посветено работат за да ја разубават природата на нашата територија и затоа апелираме до сите граѓани, заедно да ја одржуваме чиста животната средина за да ја заштитиме природата и зеленилото во нашите населени места.
{gallery}foto/2023/april/jkp_objava1/gallery{/gallery}
21.04.2023