Неколку денови по ред, општина Гази Баба во попладневните часови беше зафатена од невреме кое зад себе остава паднати дрва, одрони, паднати бандери и слично.
Екипите на ЈКП Гази Баба пет денови по ред покрај дневните редовни работни активности, посветено работат до доцните часови во ноќта на расчистување на последиците од невемето се со цел граѓаните да можат непречено да ги реализираат своите обврски.
Дополнително, ЈКП Гази Баба изминатите денови работеше и на расчистување на диви депонии на повеќе локации низ општината.
Апелираме до граѓаните да не вршат одлагање на отпад на јавни површини, туку истото да го сторат во контејнерите за кабаст отпад кои редовно се поставуваат по утврден распоред во Месните и Урбаните заедници.