По иницијатива на општина Гази Баба изминатиот период во неколку наврати се организираа акции за собирање на бездомни кучиња со цел заштита на граѓаните.
Во следните две недели, ЈП Лајка ќе спроведе стратешко заловување на бездомни кучиња на територија на општина Гази Баба и тоа:
Од 12.06.2023 до 16.06.2023 година заловување ќе се врши во: Железара, Автокоманда, Керамидница, Маџари, Ченто, Инџиково, Стајковци, Трубарево, Гоце Делчев, Јурумлери, Колонија и Идризово.
Од 19.06.2023 до 23.06.2023 година заловување ќе се врши во: Раштак, Булачани, Виниче, Црешево, Смилковци, Страчинци и Брњарци.
Ги повикуваме граѓаните да пријават бездомно куче до тимот на ЈП ЛАЈКА – Скопје на телефонските броеви:
02/256 58 59, 071/219-925