This is the title

Статутарно - правна комисија

ДЕЛОКРУГ НА КОМИСИЈАTA:


  • го утврдува предлогот на Статутот на oпштината
  • го утврдува предлогот на Деловникот на Советот на oпштината
  • покренува иницијатива и ги проучува мислењата, предлозите и сугестиите што се однесуваат на Статутот на oпштината и Деловникот на Советот на oпштината и предлага нивно изменување и дополнување
  • ги разгледува нацртите и предлозите на одлуките и други општи акти од аспект на нивна усогласеност со Уставот, законите и Статутот на oпштината, и за тоа поднесува извештај со мислења и предлози на Советот
  • подготвува предлог-мислења по предлог-законите кои се однесуваат на општината
  • дава исправки на грешките во текстот на одлуките и други општи акти што се објавени во ''Службен гласник на Општината Гази Баба
  • разгледува и други општи акти од надлежност на Советот

ПРЕТСЕДАТЕЛ И ЧЛЕНОВИ:


ПРЕТСЕДАТЕЛ:    Елена Тасевска
ЧЛЕНОВИ:    Виолета Здравевска
  Владимир Бојанов
  Александар Вељановски
  Горан Николовски

КОНТАКТ:

Лице за контакт: Елена Тасевска - elena.tasevska@gazibaba.gov.mk

Комисија за мандатни прашања, избори и именувања

ДЕЛОКРУГ НА КОМИСИЈАTA:


  • разгледува и подготвува предлози кои се однесуваат на мандатно-имунитетните прашања
  • разгледува и подготвува предлози за избор, именувања и разрешувања од надлежност на Советот
  • опредлува плати, надоместоци и други примања на избрани и именувани лица
  • ја определува висината на надоместокот на патните и дневните трошоци на членовите на Советот на oпштината, како и на трошоците направени во извршувањето на задачите што им ги доверил Советот на oпштината
  • Претседателот и членовите на Комисијата ги избира Советот на Општината на својата прва седница, со тоа што претседателот е од листата на предлагачот што има најголем број мандати за членови на Советот, избрани на непосредните избори

ПРЕТСЕДАТЕЛ И ЧЛЕНОВИ:


ПРЕТСЕДАТЕЛ:    Владимир Бојанов
ЧЛЕНОВИ:    Мартин Десподовски
  Жарко Здравковски
  Тања Ѓорѓиевска
  Биљана Муиќ

КОНТАКТ:

Лице за контакт: Владимир Бојанов - vladimir.bojanov@gazibaba.gov.mk

Комисија за програмирање на работата на советот на Општина Гази Баба

ДЕЛОКРУГ НА КОМИСИЈАTA:


  • Комисијата за програмирање на работата на Советот на Општината Гази Баба го утврдува предлогот на Програмата за работа на Советот на Општината Гази Баба и го доставува до Советот за донесување
  • Комисијата го утврдува Предлогот на Програмата врз основа на предходно прибавени предлози и мислења од овластени предлагачи и заинтересирани субјекти.
  • Предлог-Програмата содржи назив на материјалот односно актот, кратка содржина, предлагач и рок
  • Предлог-Програмата, Комисијата ја изготвува на крајот на календарската година која ќе се применува наредната година

ПРЕТСЕДАТЕЛ И ЧЛЕНОВИ:


ПРЕТСЕДАТЕЛ:    Виктор Трпевски
ЧЛЕНОВИ:    Филип Анастасов
  Зоран Цветковски
  Гордана Јовиќ - Стојковска
  Маја Никодиновска

КОНТАКТ:

Лице за контакт: Виктор Трпевски - viktor.trpevski@gazibaba.gov.mk

Комисија за финансии и буџет

ДЕЛОКРУГ НА КОМИСИЈАTA:


  • ги следи, разгледува и анализира појавите, проблемите и прашањата во врска со финансирањето на функциите на oпштината
  • ги разгледува нацртот и предлогот на буџетот и завршната сметка на буџетот
  • ги следи состојбите со остварувањето на изворните приходи на oпштината и остварува увид во реализацијата на планираните расходи

ПРЕТСЕДАТЕЛ И ЧЛЕНОВИ:


ПРЕТСЕДАТЕЛ:    Виолета Здравевска
ЧЛЕНОВИ:    Виктор Трпевски
  Владимир Бојанов
  Сибела Маркова
  Оливера Станишковска
  Александар Вељановски
  Маја Никодиновска

КОНТАКТ:

Лице за контакт: Виолета Здравевска - violeta.zdravevska@gazibaba.gov.mk

Комисија за урбанизам, комунални работи, сообраќај и заштита на животната средина

ДЕЛОКРУГ НА КОМИСИЈАTA:


  • ги разгледува прашањата од областа на урбанистичкото уредување на просторот на општината
  • ги разгледува деталните урбанистички планови и урбанистичката документација
  • ги разгледува прашањата од областа на комуналните дејности, и тоа: изградба, одржување и заштита на сервисни и станбени улици и други инфраструктурни објекти, одржувањето на јавната чистота на сервисните и станбените улици, одржување и користење на зеленилото на сервисните и станбени улици, изградбата и одржувањето на јавното осветлување на станбените и сервисните улици на подрачјето на општината, дезинфекција и дератизација, отстранување на нерегистрираните моторни и други возила од јавните површини
  • - ги разгледува прашањата во врска со заштитата и унапредувањето на животната средина (заштита од загадување на воздухот и водата и спречување на штетната бучава), и по нив дава соодветни предлози и мислања на советот на општината.

ПРЕТСЕДАТЕЛ И ЧЛЕНОВИ:


ПРЕТСЕДАТЕЛ:    Виктор Трпевски
ЧЛЕНОВИ:    Филип Анастасов
  Дејан Боневски
  Крстена Јовановска
  Жарко Здравковски
  Тања Ѓорѓиевска
  Игор Манчевски
  Горан Николовски
  Макфире Исени

КОНТАКТ:

Лице за контакт: Виктор Трпевски - viktor.trpevski@gazibaba.gov.mk

Комисија за општествени дејности

ДЕЛОКРУГ НА КОМИСИЈАTA:

Комисијата за општествени дејности во рамките на правата и должностите на општината ги разгледува прашањата во врска со организацијата на основното образование, мрежата на училиштата, основање и престанок на основните училишта, управување, основање, финансирање и одржување на јавните установи за деца - детски градинки, и други прашања од областа на основното образование и од областа на социјалната и детската заштита во согласност со закон и по нив дава соодветни предлози и мислења на советот на општината.


ПРЕТСЕДАТЕЛ И ЧЛЕНОВИ:


ПРЕТСЕДАТЕЛ:    Тоше Столески
ЧЛЕНОВИ:    Сибела Маркова
  Јорданчо Тодосиев
  Маја Никодиновска
  Макфире Исени

КОНТАКТ:

Лице за контакт: Тоше Столески - tose.stoleski@gazibaba.gov.mk

Комисија за месна самоуправа

ДЕЛОКРУГ НА КОМИСИЈАTA:

Комисијата за месна самоуправа разгледува прашања од областа на месната самоуправа, а кои се однесуваат на: постапката за свикување и одржување на собирот на граѓаните, основање на облици на месна самоуправа и изборот на советот на урбаната односно месната заедница.


ПРЕТСЕДАТЕЛ И ЧЛЕНОВИ:


ПРЕТСЕДАТЕЛ:    Мартин Десподовски
ЧЛЕНОВИ:    Оливера Станишковска
  Јорданчо Тодосиев
  Александар Вељановски
  Влатко Ристовски

КОНТАКТ:

Лице за контакт: Мартин Десподовски - martin.despodovski@gazibaba.gov.mk

Комисија за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија

ДЕЛОКРУГ НА КОМИСИЈАTA:

  • покренува иницијативи и предлози за одбележување на празници и манифестации и ги разгледува иницијативите и предлозите поднесени од други субјекти
  • покренува иницијативи и предлози за доделување награди и признанија и ги разгледува иницијативите и предлозите поднесени од други субјекти
  • дава предлози и ги разгледува предлозите за прогласување почесен граѓанин на општината
  • дава мислење по поднесени предлози и организира свечено одбележување при врачување на наградите и признанијата.

ПРЕТСЕДАТЕЛ И ЧЛЕНОВИ:


ПРЕТСЕДАТЕЛ:    Биљана Муиќ
ЧЛЕНОВИ:    Сибела Маркова
  Жарко Здравковски
  Гордана Јовиќ - Стојковска
  Макфире Исени

КОНТАКТ:

Лице за контакт: Биљана Муиќ - biljana.muikj@gazibaba.gov.mk

Комисија за локален економски развој

ДЕЛОКРУГ НА КОМИСИЈАTA:

Комисијата за локален економски развој разгледува прашања за планирање на локалниот економски развој, развојни и структурни приоритети, развојот на малите и средни претпријатија, како и други прашања од оваа област.


ПРЕТСЕДАТЕЛ И ЧЛЕНОВИ:


ПРЕТСЕДАТЕЛ:    Филип Анастасов
ЧЛЕНОВИ:    Виолета Здравевска
  Елена Тасевска
  Тања Ѓорѓиевска
  Новица Томевски
  Јасминка Георгиева
  Влатко Ристовски

КОНТАКТ:

Лице за контакт: Филип Анастасов - fillip.anastasov@gazibaba.gov.mk

Комисија за земјоделие

ДЕЛОКРУГ НА КОМИСИЈАTA:

Комисијата за земјоделие разгледува прашања од областа на земјоделието, во кое се опфатени состојбите, проблемите и развојот на земјоделието на подрачјето на Општина Гази Баба.


ПРЕТСЕДАТЕЛ И ЧЛЕНОВИ:


ПРЕТСЕДАТЕЛ:    Зоран Цветковски
ЧЛЕНОВИ:    Оливера Станишковска
  Новица Томевски
  Јасминка Георгиева
  Макфире Исени

КОНТАКТ:

Лице за контакт: Зоран Цветковски - zoran.cvetkovski@gazibaba.gov.mk

Комисија за култура, спорт и рекреација

ДЕЛОКРУГ НА КОМИСИЈАTA:

Комисијата за култура, спорт и рекреација разгледува прашања во врска со организацијата, развојот и унапредувањето на: културата, развој на мрежата на установи, поттикнување на творештвото, заштита и користење на културното богатство; физичката култура, развој на масовниот спорт и рекреативните активности, спортски приредби и манифестации и други прашања од значење за спортот.


ПРЕТСЕДАТЕЛ И ЧЛЕНОВИ:


ПРЕТСЕДАТЕЛ:    Дејан Боневски
ЧЛЕНОВИ:    Филип Анастасов
  Јорданчо Тодосиев
  Игор Манчевски
  Маја Никодиновска

КОНТАКТ:

Лице за контакт: Дејан Боневски - dejan.bonevski@gazibaba.gov.mk

Комисија за еднакви можности на жените и мажите

ДЕЛОКРУГ НА КОМИСИЈАTA:

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите разгледува прашања за еднаквите можности помеѓу жените и мажите, состојбите со застапеноста на жените во органите, учествува во проекти од оваа област и разгледува прашања од значење за еднаквите можности на жените и мажите.


ПРЕТСЕДАТЕЛ И ЧЛЕНОВИ:


ПРЕТСЕДАТЕЛ:    Крстена Јовановска
ЧЛЕНОВИ:    Елена Тасевска
  Мартин Десподовски
  Биљана Муиќ
  Билјана Апостолова Георгиевска

КОНТАКТ:

Лице за контакт: Крстена Јовановска - krstena.jovanovska@gazibaba.gov.mk

Комисија за негување и чување на традициите на македонскиот народ, заедниците и македонската држава и заштита на историските споменици и спомен обележја

ДЕЛОКРУГ НА КОМИСИЈАTA:

Комисијата за негување и чување на традициите на Македонскиот народ, заедниците и Македонската држава и заштита на историските споменици и спомен обележја ги разгледува прашањата во врска со негувањата и чувањата на традициите на Македонскиот народ, заедниците и Македонската држава, и ги разгледува прашања во врска со уредувањето на начинот на одржувањето и користењето на историските споменици и спомен обележја.


ПРЕТСЕДАТЕЛ И ЧЛЕНОВИ:


ПРЕТСЕДАТЕЛ:    Маја Никодиновска
ЧЛЕНОВИ:    Тоше Столески
  Гордана Јовиќ - Стојковска
  Новица Томевски
  Игор Манчевски

КОНТАКТ:

Лице за контакт: Маја Никодиновска - maja.nikodinovska@gazibaba.gov.mk