Градоначалникот Бобан Стефковски присуствуваше на годишниот концерт на Ансамблот „Јонче Христовски“ од Автокоманда – вечер исполнета со звукот на македонската душа, со чекорите на традицијата и со гордоста што нè држи исправени како народ.
Фолклорот не е само песна и оро, туку жива историја, пренесена од колено на колено, сведоштво за нашето постоење, борба, радост и љубов.
Во секој ритам, во секоја носија, во секој глас – се чувствува македонскиот идентитет, чист, автентичен и достоинствен.
Благодарност упати Стефковски за плакетата која му беше доделена за поддршката која ја дава, но која претставува признание и силна обврска да продолжи да стои зад културата и традицијата.
Ансамблот „Јонче Христовски“ не само што настапува – тој ја раскажува приказната за Македонија, за нашите корени и за нашето траење.
Да ја чуваме Македонија преку фолклорот, преку младите кои со гордост играат и пеат, и преку љубовта кон она што нè прави свои и единствени.