На денешната крводарителска акција која се одржа во просториите на општина Гази Баба, присуствуваше и градоначалникот Бобан Стефковски, кој ги поздрави присутните и даде поддршка на сите крводарители за покажаната солидарност и хуманост. Темел на крводарителството се принципите на доброволност, анонимност, бесплатност и солидарност, кои обезбедуваат посигурна крв и крвни продукти.
Преку дарување на крв, крводарителот изразува највисок степен на солидарност со сите оние на кои таа им е потребна, без оглед на етничка, верска припадност, возрасни граници и други поделби.
Традиционално во општина Гази Баба се одржуваат три крводарителски акции, во месец март, јули и ноември. На акцијата која се одржа денес, беа собрани вкупно 26 единици на крв, што е показател за успешно реализирана крводарителската акција.
{gallery}foto/2022/03/04032022/krv/gallery{/gallery}
04.03.2022