Во рамки на своите активности во областа на заштитата на животната средина, во насока на квалитетно и навремено информирање на јавноста, Општина Гази Баба во соработка со МЖСПП го превзеде линкот од Министерство за животна средина и просторно планирање за презентација на дневни ПМ10 концентрации за Агломерација Скопски регион заради прикажување на квалитетот на амбиентниот воздух во Општина Гази Баба. Станува збор за мерната станица на МЖСПП во близина на универзитетскиот комплекс и претставува субурбана позадинска станица која врши мерење на загадувачките материи:азотни оксиди, сулфур диоксид, јаглен моноксид,озон и партикуларни честички помали од 10 и 2,5 микрометри. Главната цел на оваа активност е информирање на граѓаните за квалитет на воздухот во општината. 15.10.2022 |