
Денес градоначалникот Бобан Стефковски имаше чест и задоволство да присуствува на свеченото отворање на обновениот угостителски комплекс „Македонско село“ во Горно Нерези – еден од ретките објекти кој со години беше заборавен, запуштен и речиси уништен, а денес, благодарение на заложбите на Владата на Република Македонија и Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), повторно го добива своето вистинско значење.
Честитки до Владата на Република Македонија, до премиерот Христијан Мицкоски и особено до директорот на СОЗР Ивица Томовски за визијата, трудот и посветеноста со кои успешно го вратија сјајот на овој прекрасен објект. Ова е доказ дека кога има волја и одговорност, дури и заборавените места можат повторно да заживеат.
Градоначалникот, упатува повик до сите граѓани – дојдете и посетете го „Македонско село“. Ова е место што не само што нуди уживање во традиционалната архитектура, македонската храна и природата, туку е и жив сведок за нашето културно наследство и за иднината која заеднички ја градиме.
„Македонско село“ – од денес е симбол на обновата и македонската традиција!