Утрово градоначалникот Бобан Стефковски го отвори еден од најголемите карате турнири кој традиционално се одржува во Општина Гази Баба во организација на Карате клубот Металург.
Околу 500 натпреварувачи од Македонија, Словенија, Турција и Косово се натпреваруваа на овој меморијален традиционален турнир, кој по 42 пат се одржува со голема чест и почит!
Гази Баба беше горд домаќин на овој спортски настан! Изминатите четири години општината даваше силна поддршка за неговата организација!
Спортот останува еден од нашите приоритети и во следните четири години ќе продолжиме да инвестираме во младите, спортот и здравиот дух!