Утрово во просториите на општина Гази Баба градоначалникот Бобан Стефковски и деканот проф. др. Митко Богданоски потпишаа меморандум за соработка помеѓу општина Гази Баба и Воената академија “Генерал Михаило Апостолски” од Скопје.
Со потпишување на меморандумот ја потврдија заедничката заложба и интерес за унапредување на взнаемната соработка со која во следниот период ќе се изврши размена на искуства и реализација на проекти согласно позитивното законодавство на Република Македонија.
Оваа соработка ќе отвори нови можности за обуки и заеднички проекти кои ќе придонесат за подобрување на капацитетите на локалните институции и зголемување на заедничката ефикасност во справувањето со современите безбедносни предизвици.
Општина Гази Баба ќе продолжи да гради силни партнерства кои ќе имаат долгогодишни позитивни ефекти на нашата заедница.