Во текот и на минатата работна недела екипите на ЈКП Гази Баба 2007 беа ангажирани постојано на терен со целосна посветеност на уредување и одржување на јавните површини на подрачјето на Општина Гази Баба.
Активности кои се вршеа неделава беа:
–Косење и расчистување на јавни зелени површини на следните локации:
Паркот позади Даути Комерц, н. Триангла, Ул. Жан Жорес, Железара, Хиподром 2, Хиподром и Ќерамидница
–Кастрење и собирање гранки од јавни површини извршија во: Железара, Автокоманда, Ќерамидница и Триангла
–Метење на улици и јавни површини: Хиподром 2, Автокоманда Триангла, Јурумлери.
Екипите на ЈКП тековно изработуваат и нова урбана опрема и инвентар како парковски клупи, корпи за отпадоци, заштитни огради и други елементи со јавна намена.
Репарација и одржување на постојната опрема: реконструкција и враќање во функција на оштетени елементи во јавниот простор.
Санирање на канделабри: поправка на канделабри и светлосни тела на локации во надлежност на ЈКП Гази Баба.
Поставување и одржување на нови корпи за отпадоци на клучни јавни површини.
Со вакви активности, Работилницата обезбедува функционален и уреден јавен простор.
–Расчистувањето на диви депонии се вршеше кај: последна 45-ка, позади Дим Маркет, црква Св.Лидија и кај Ханибал во Ченто, Железен мост во Хиподром и амбулантата во Хиподром, Скопско Поле, Колонија и Автокоманда.
АПЕЛИРАМЕ ДО СИТЕ ФИЗИЧКИ И ПРАВНИ ЛИЦА:
Да ја зачуваме чистотата, редот и зеленилото во нашите населби! Со заедничка одговорност можеме да го одржиме јавниот простор достоинствен и функционален!
НЕ депонирајте отпад на јавни површини!
Во секое време можете да пријавите несовесно однесување и потреба за интервенција во ЈКП Гази Баба 2007 бидејки екипите секогаш се во служба на граѓаните!