Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски ја посети македонската делегација која учествува на Европскиот младински олимписки фестивал и им посака среќа и успех во натпреварите. Млади херои од 13 спортови – таеквондо, џудо, пливање, стрелаштво, кошарка, ракомет, баскет 3х3, одбојка, бадминтон, велосипедизам, пинг-понг, планински велосипедизам и кајак – сите сместени на едно место во Скопје, подготвени да ја претстават Македонија со срце и гордост.
Да се натпреваруваш за Македонија значи да се бориш за земјата што те одгледала, што ти ги вградила вредностите на труд, дисциплина и љубов.
Веруваме во вас! Вие сте нашата иднина, нашата сила и нашата гордост!
Нека оваа генерација донесе медали, но уште поважно – нека донесе надеж, обединетост и мотив за сите млади во Македонија!
Напред, шампиони! Македонија е со вас!