Екипите на ЈКП Гази Баба оваа недела во населбата Автокоманда извршија поставување на нова урбана опрема (клупи, корпи за отпадоци), а ги репарираа и веќе постоечките.
Редоследно и во останатите населени места се поставува нова урбана опрема како и репарирање на веќе дотраената и оштетена опрема.
Како и секогаш главен фокус ставаме на проблемот за расчистување на дивите депонии, за каде се ангажирани тимови со механизација за отстранување на поголеми количини отпад фрлен на несоодветни места. Овие активности се реализираа неделава на неколку критични точки каде најчесто се појавуваат депонии, како во м.в Караорман, м.в Бриколаж, м.в Ханибал, кај Црква Св. Лидија и н.м Јурумлери.
Дивите депонии се извор на сериозни здравствени ризици. Само заедно можеме да придонесеме за здрав живот во еколошка средина.
Исто така се вршеше и кастрење и оформување на гранки на дрвјата долж тротоари и булевари, како дел од секојдневните обврски на вработените во јавното комунално претпријатие, а е со цел подобрување на прегледноста и безбедноста за пешаците и возилата.
Редовно одржување на зелените површини, вклучувајќи косење трева, плевење и собирање на растителен отпад во паркови, детски игралишта и јавни простори.
Метењето и чистење на улиците, тротоарите и пешачките зони низ сите урбани и рурални делови на општината, со цел обезбедување на здрава и чиста средина за сите жители.
Со овие активности во нашата општина, ЈКП „Гази Баба 2007“ продолжува со одржување на хигиената и уредноста, и придонесува за подобар квалитет на живот на нашите граѓани.
Апелот кој постојано го упатуваме и повикуваме е да сите жители бидат одговорни и да придонесат за зачувување на јавниот ред и чистотата, заради заеднички придонес Гази Баба да ја направиме поубаво место за живеење.