Во текот на минатата недела екипите на ЈКП “Гази Баба 2007″ вршеа работи на терен, отстранување на диви депонии настанати од несовесни граѓани во н. Ченто (кај Тинекс и последна 45), во н. Железара, н.м Колонија, во н.м Стајковци, во н. Хиподром и н.Маџари (на ул. Благоја Стефковски”).
Депониите естетски влијаат на околината каде живееме и шират лоша реа, која воопшто не е пријатна.
Останати активности на екипите се одвиваа во повеќе населени места и од различни карактери и тоа :
– Средување и кастрење на високите и широки крошни на дрвјата на: Ул. Финска, Ул. Карл Либкнехт, Ул. Зенден Ќемаил
А беа средени и искастрени беа и широките и високи крошни на дрвјата кои пречат на објекти во н. Автокоманда.
– Одржување и уредување на зелените површини во: н. Железара, н. Триангла, н. Хиподром (последна 50-ка), н. Хиподром 2
– Чистење шахти на канализациона мрежа во: н. м Јурумлери, н. м Дунек, н.м Трубарево
– Поставување на модерна и урбана опрема во н.м. Кирил Петрушевски.
– Уредување на новата фонтана во н. м. Нова Колонија.
– Работилниците на ЈКП постојано работат на создавање и обновување модерна урбана опрема.