Улица 22 добива нов лик по децении чекање!
Со асфалтирањето на улица 22, уште една долгоочекувана потреба на граѓаните станува реалност. Овој проект претставува повеќе од инфраструктура – тој значи подобар секојдневен живот, поголема безбедност и достоинствени услови за сите жители.
Инвестиција во вредност од 8.850.000 денари е насочена директно кон подобрување на локалната патна мрежа и унапредување на урбаното живеење.
По повеќе од три децении чекање, калта, прашината и тешкото движење остануваат во минатото, а на нивно место доаѓа модерен и квалитетен асфалт.
Ja градиме Гази Баба рамномерно, во секое населено место и во секоја улица, затоа што развојот мора да биде еднаков и правичен.
Инвестираме за сите граѓани, без разлика на етничката, верската или политичката припадност, со јасна цел – подобар живот за секого.
Овој проект е доказ дека дадениот збор се исполнува, а ветувањата се претвораат во конкретни дела на терен.
Со посветена работа и јасна визија, продолжуваме да ги решаваме долгогодишните проблеми и да создаваме функционална инфраструктура.
Развојот не запира тука, затоа што инвестициите во патиштата значат економски раст, поголема безбедност и поврзаност на заедницата.
Следуваат нови проекти и нови инвестиции, со кои Гази Баба ќе продолжи да се развива и модернизира.
Градиме општина со која сите се гордееме, чекор по чекор, улица по улица, за сегашните и идните генерации!