Продолжува градежната офанзива низ Гази Баба – секој ден нови проекти, нови работни зони, нови причини за гордост!
Денес започнаа градежни активности за целосно асфалтирање на значајна улица во населеното место Булачани. Оваа интервенција е дел од сериозната инфраструктурна програма што се реализира со несмалено темпо во текот на летниот период.
–Ново асфалтирање
–Подобра безбедност за учесниците во сообраќајот
–Подобрена комуникација меѓу жителите
–Подигнување на квалитетот на живеење
Летото во Гази Баба е работно – со повеќе од 50 проекти кои се планирани за реализација во сите делови на општината! Од изградба и реконструкција на улици и тротоари, преку нови детски катчиња и спортски зони, до модернизација на водоводната и канализационата мрежа – работиме на сите полиња!
Нашата цел е јасна: реални проекти, видливи резултати, подобар живот за сите граѓани!
Ова не е само работа – ова е визија која се претвора во реалност.
Од најголемите населби до најмалите маала – ништо не е заборавено.
Гази Баба работи. Гази Баба инвестира.
Гази Баба повеќе не запира!