Во тек се градежни активности за изградба на три фитнес зони на територија на Општина Гази Баба.
Фитнес зони градиме во:
Хиподром во рамки на спортскиот центар во Вера Јоциќ;
Стајковци во рамки на спортскиот центар Иван Илиев;
Инџиково кај спортскиот терен на вештачка трева.
Со реализацијата на овој проект овозможуваме услови за спортување и рекреација на граѓаните.
Во изминатиот период фитнес зони изградивме во Триангла, Колонија и Керамидница.