Со цел обезбедување на поквалитетни услови за престој и грижа за здравјето на децата, во градинката „25 Мај“ – клоновите Пони (Хиподром) и Морковче (Јурумлери), се поставени вкупно 20 прочистувачи на воздухот.
Овие уреди се обезбедени во соработка со општествено одговорната компанија „Лифт Солутион“, на која ѝ упатувам голема благодарност за покажаната грижа и поддршка.
Инвестирањето во чист воздух значи инвестирање во здравјето на децата – а тоа е наш заеднички приоритет.
Продолжуваме да се грижиме за најмладите и да создадеме безбедна, здрава и стимулативна средина за нивниот раст и развој.