Со цел изнаоѓање на решение за регулирање на сообраќајот во мирување и ставање крај на сообраќајниот хаос во Автокоманда, градоначалникот Бобан Стефковски одржа средба со директорот Бојан Христовски и работните групи на ЈП Градски паркинг и општина Гази Баба.
Следните денови работните групи интензивно ќе работат на креирање предлог решение по што ќе се спроведе анкета, во која граѓаните на Автокоманда ќе го кажат последниот збор за решението.
22.03.2022