Заврши изградбата на ново, модерно и безбедно детско забавно катче во Триангла, второто од вкупно петте планирани нови катчиња кои се започнати во нашата општина.
Пред само неколку дена го отворивме и новото детско катче во Железара, а продолжуваме со исто темпо и во другите делови од општината.
Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски силно верува дека најмладите заслужуваат чисти, модерни и безбедни простори за игра и развој. Во текот на неговиот мандат, изградени и реконструирани се над 60 детски забавни катчиња, со што покажуваме реална грижа и инвестиција во иднината.
Новите катчиња се опремени со мека подлога и современи реквизити, кои овозможуваат безбедна и весела игра за секое дете.
Секојдневно напредуваме, создавајќи подобри услови за сите генерации. Продолжуваме посветено, чекор по чекор, кон поубава и поразвиена Гази Баба.