Општина Гази Баба изврши уредување на просторот околу спортското игралиште со вештачка трева за мал фудбал во населбата Триангла.
Просторот се поплочува со павер елементи, што ќе овозможи чиста, безбедна и убава околина за спортување и рекреација.
Овој зафат е дел од поширокиот план за уредување на јавни површини, патеки и скверови низ општината.
Во наредниот период активностите продолжуваат во Автокоманда, Железара, Инџиково, Кирил Петрушевски и други делови на општината.
Работиме посветено и транспарентно за подобар животен простор на сите наши сограѓани.
Продолжуваме со нови проекти кои ќе донесат модерно, функционално и уредено урбано живеење!