Новогодишната посета на Детската клиника беше исполнета со силни емоции, тишина што зборува и надеж што се чувствува во воздухот.
Градоначалникот Бобан Стефковски заедно со својата сопруга Хилда и сопругата на премиерот Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска, ја посетија Клиниката за детски болести со отворени срца и искрени насмевки.
Со Дедо Мраз и омилените ликови од детските цртани филмови внесоа барем малку магија, смеа и радост таму каде што болката често знае да биде погласна од зборовите.
Борбата за здравје на овое дечиња потсеќа колку е скапоцен секој здив, секоја прегратка и секоја насмевка.
Новата 2026 година нека донесе оздравување за сите дечиња, многу здравје, неизмерна среќа, семејна љубов и безброј причини за детска радост.
Нека секое дете што сонува во болничка соба, утре се разбуди дома — здраво, сакано и со срце полно надеж.