Повеќе од 5000 луѓе на плоштадот Автокоманда уживаа во “Новогодишната зимска бајка”, а поделивме 3000 новогодишни пакетчиња за драгите дечиња, милите мои другарчиња.
Јавна благодарност до Државната лотарија на Македонија и Владата на Република Македонија кои изминатите денови преку овој убав караван ја донесоа новогодишната магија која му недостасуваше на нашето Скопје.
Музичката програма е дел од проектот на Државната лотарија, а новогодишните пакетчиња се подарок од општината за своите најмлади жители.
2024 година ја испративме со песна, подароци и многу насмевки, така весели ќе ја дочекаме и новата 2025 година.